Pic 1

2007 Европска година на еднакви можности за сите

– Кон праведно општество во Македонија -

2007 е прогласена за Европска Година на Еднакви Можности за Сите. Оваа иницијатива на Европската Комисија беше одобрена sо Одлука на Европскиот Парламент и на Советот na Evropa, усвоена на 17 Мај 2006. Целта на Годината е да отпочне дебата за користа од различноста на европско ниво. Исто така ќе se бара од луѓето во Европската Унија да станат уште повеќе свесни за нивните права zа еднаков третман и живот ослободен од дискриминација. Годината е центар на стратешката рамка за не-дискриминација и еднакви можности, коишто Европската Комисија ги постави во Јуни 2005. Целта на оваа стратешка рамка е да го воспостави и промовира принципот на не-дискриминација врз основа на пол, раса или етничка припадност, религија или вера, хендикеп, возраст и сексуална ориентација во Европската Унија. Стратегијата исто така се грижи за Европската Унија да може што повеќе да делува кон спречување на дискриминација и промовирање на еднаквост, преку и над правната заштита на правото на луѓето на еднаков третман.

 

Негувањето на еднакви можности за сите значи промена на јавното однесување преку промовирање на толеранција и прифаќање на различноста, како и свест за бенефициите што таа ги носи. Исто така значи и мобилизирање на сите политики што може да помогнат во промовирање на еднаквост и не-дискриминација, зголемувајќи ја свеста и стимулирајќи дебати за клучните бариери кон поправедно и инклузивно општество, гледајќи над интересите на поедини групи. Ова бара проактивна стратегија “очи-во-очи” со јавноста, а Европска Година е соодветен двигател за отпочнување на една таква стратегија. Европските Години се наменети за еден поширок опсег од засегнати страни со цел публицирање, дебатирање и размена на ставови за определена тема. Tie pретставуваат еден ефикасен инструмент за подигнување на свеста. Искуството од претходните Европски Години покажува дека широкото поле на учество, во една лимитирана временска рамка, успешно придонесе за придобивање политичка поддршка и трасирање на патот за пошироко политичко обврзување. На Европските Години исто така се гледа како на еден ефективен начин за создавање на синергии помеѓу различните полиња на креирање политики во ЕУ, државите членки и регионалните односно локалните нивоа.

 

Зошто Македонија во Европска Година на Еднакви Можности?

За Македонија, оваа Година претставува можност која не треба да се пропушти. Иако РМ е сеуште на патот кон евроинтегрирање, оваа кампања може да послужи како добар пример и инспирација во напорите на нашата земја да ги реши сопствените прашања поврзани со дискриминација на маргинализираните групи, како и да не доближи до членствоto во Европската Унија. Преку ефикасно подигнување на свеста и соработка помеѓу засегнатите страни во општеството, 2007 може да биде годината во која Владата, невладиниот сектор и граѓаните на Македонија ќе работат заедно за да направат вистински напор во борба против дискриминацијата, ќе покажат дека Еднакви Можности за Сите е цел што сите сектори во општеството ја земаат сериозно и се стремат кон неа. Во земја каде дури и правната заштита за многу групи треба сé уште да се обезбеди, примерот на Европска Година на еднакви можности носи една важна порака што треба да се пренесе низ Македонија.

 

Свртување на внимание кон оваа Година со спроведување на паралелна кампања основана на истите принципи и цели, ќе придонесе во процесот на менување на јавното мислење кон зголемена толеранција на различноста, и борба против прифаќање на дискриминацијата како еден нормален дел од животот. Дополнително, може значајно да ги помогне напорите на различни групи во земјата кои тековно работат на креирање законодавство кое ќе води кон општество во кое правата на секој член се почитуваат, со придобивање јавна поддршка (следствено na ova и притисок на креаторите на политики) за ставање на овие закони во сила. Во процесот на евроинтегрирање, едно од најзначајните прашања што Македонија мора да го реши, е отстранување на постоечката дискриминација на маргинализираните групи во општеството, вклучувајќи жени, лица со хендикеп, возрасни, роми, и други етнички групи. Приклучување кон Европската Унија е заедничка цел на повеќето во Македонија; подигнување на свеста дека борбата против дискриминација е одлучувачки чекор кон постигнување на оваа цел, уште повеќе ќе ги мотивира Владата, невладиниот и бизнис секторот, како и граѓаните да вложат напори за создавање услови на еднакви можности.

M6
M6
M6