Pic 1

Поддршка од Европската комисија преку Програмата ПРОГРЕС

 

27 Октомври 2008

Полио Плус-движење против хендикеп, во партнерство со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, добија поддршка за имплементација на програмата „Македонија без дискриминација„ на повикот од Европската Комисија „Национални активности за подигнување на свеста во полето на недискриминација„ во рамките на Програмата ПРОГРЕС.

Оваа поддршка е прва за Република Македонија во рамките на Програмата ПРОГРЕС.

 

„Македонија без дискриминација„ ги содржи дел од активностите предвидени во Стратешката рамка за заедничка акција во борба против дискриминација во Република Македонија, која прозлезе како резултат на заедничките напори на членовите на Координативното тело во текот на 2007-та, Европската година на еднакви можности за сите.

Активностите ќе вклучат две компоненти, подогнување на свеста, со акцент на помладата популација и институционален развој, со цел да се создаде фунционална рамка за еднакви можности на сите луѓе во Македонија.

 

Напредна обука за недисцриминација

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира напредна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 14 до 16 октомври 2008 година.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на човекови права, еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката е продолжение на основната обука за недискриминација која се одржа во јуни 2008 година. Истата ќе има теоретски и практичен дел за законската покриеност од оваа област во рамките на ЕУ, потоа институции и механизми за заштита во државите на ЕУ, проблемите со кои се соочиле европските земји во однос на механизмите на заштита, предизвици на достап до правилата и сл.

Исто така, во рамките на обуката ќе бидат разгледани постоечките законски решенија во Република Македонија, потребата од посебен закон за заштита од дискриминација, решенијата од Предлогот за донесување на Закон за заштита од дискриминација со предлог закон, разгледување на основите на дискриминација, процедури на известување до меѓународните организации и сл.

Обуката ќе ја спроведат: проф. д-р. Мирјана Најчевска, ИСППИ и мр. Катрин Владак, Болдсман Институт од Виена. На обуката ќе има обезбеден консекутивен превод од англиски на македонски јазик. Право на учество имаат активистите за човекови права кои се членови на граѓански организации од Македонија, посветени на идејата за еднакви можности и борба против дискриминацијата. Предност ќе имаат учесниците кои ја посетиле основната обука за недискриминација и кои активно го владеат англискиот јазик.

 

Основна обука за недисцриминација

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, од 10 до 12 јуни 2008 година организираше основна обука за недискриминација која се одржа во Хотелот Карпош во Скопје. Во текот на обуката учесниците се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на основните човекови права и еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката имаше теоретски дел за човековите права, но исто така имаше практични вежби и работа во групи. Особено внимание се посвети на меѓународната регулатива за човековите права (системот на Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ и законодавството на Европската унија), како и на тековната состојба во Македонија.

Право на учество имаа активистите за човекови права кои се членови на граѓански организации од Македонија, посветени на идејата за еднакви можности и борба против дискриминацијата. Обучувачи на истата беа Проф-др Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување на конфликти и Доц-др Беким Кадриу од Штуловиот Универзитет.

 

Реакција на Мухамед Точи - Претседател на Месчина Гостивар

 

Македонската Влада решила да го чисти ѓубрето / сметот, под мотото ЧИСТА и ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА, одлично и Месечина – Гостивар, ја поздравува оваа иницијатива, но дали случајно или намерно? Владата на РМ промовира сегрегација / поддржува стереотип, со повикот кој е во дневните весници повикувајки на погоре наведената акција.

Вас ве замолувам да го видите дел од повикот на владата објавен на дневниот весник Дневник-јпг слика од Сабота 20. 09.2008, год, а и објавен во неколку електронски медиуми.

Организациите кои работат во областа на човековите права, на борбата против сегрегација, дискриминација и во намерите за намалувањето на стереотипите а со тоа и кон Ромите истовремено ќе реагираат и ќе ја поддржат иницијативата на Месечина – Гостивар, за промена на повикот, каде нема да има сегрегација и поддржување на стереотипите кон Ромите.

Месечина – Гостивар, ќе поднесе барање до Владата на РМ, веднаш да ја поправи својата грешка и да се извини кон своите граѓани во Република Македонија. Сакам да верувам дека секретаријатот на Македонија – без дискриминација ќе ја одигра својата улога кон ова прашање и ќе го заведе во архивата како негативен поен кон Владата на РМ.

 

КОН ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ

 

По повод 10 Декември, Полио Плус, како членка на Куќата за човекови права во Македонија, ги покани сите заинтересирани да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права.

Во светлото на овој ден, на 11 декември 2006 гидина беше промовирана публикацијата “Развој на антидискриминационото законодавство во Европа”, Споредба на 25-те држави членки на Европската унија” и најавено одбележување на 2007-Европска година на еднакви можности за сите.

Проф.Др. Татјана Петрушевска, професор по меѓународно право, даде краток преглед на содржината на публикацијата “Развој на антидискриминационото законодавство во Европа”,

Споредба на 25-те држави членки на Европската унија ”Целта на оваа публикација е да служи како алатка да се подобри разбирањето на причините за дискриминација, да се разјасни што заедницата подразбира под дискриминација и да се промовираат вредностите од прифаќањето на разликите.

Присутните ги поздрави М-р. Драги Змијанац, како претставник на Куќата за човекови права на Македонија и ја најави 2007-та, Година на еднакви можности за сите. Во очи на 2007-та година, Куќата на човекови права го објави почетокот на серија активности во насока на креирање еднакви можности за сите. Исто така, г-ѓа Наталија Дрозд, Амбасадор на ОБСЕ во Скопје зборуваше за заложбите на ОБСЕ во борбата против дискриминација. Активностите во насока на развивање на концептот за креирање на антидискриминационо законодавство и подигнување на свеста, се од големо значење и за приближување и хармонизација на македонското законодавство со законодавството на Европската унија и воопшто, креирање на еднакви можности за сите.Присутен беше и Политичкиот советник при Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, г-ѓа Ниам Волш, која ги презентира заложбите на Европската Унија на полето на заштита од дискриминација, потенцирајќи ја важноста на научените лекции во рамките на Унијата.

 

ТРКАЛЕЗНА МАСА "ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ - КОН ПОПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО"

Полио Плус, движење против хендикеп, организира тркалезна маса на која покани поголем број на претставници од владинот и невладиниот сектор, како и експерти кои работат на полето на човекови права во Република Македонија, со цел заеднички да го продолжиме развојот на концептот за креирање на антидискриминационо законодавство во земјава. Процесот веќе е отпочнат, но сé уште не е завршен.
Затоа, прв чекор беше достапност на информациите содржани во публикацијата “Развој на антидискриминационото законодавство во Европа”, Споредба на 25-те држави членки на Европската унија”, поддржана од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

Информација од првиот организационен состанок на Координативно тело за размена на информации "ЗАЕДНО ЗА ЕДНАКВОСТ” “Промовирање на концептот на антидискриминација во земјата” - 05 Јуни 2006, 10-13.00 часот, хотел “Континентал”, Скопје

Како резултат на потребата од заедничка акција, како и волјата на учесниците на тркалезната маса одржана во Декември 2006 година, на 5 Jуни 2007 година, се организираше прв организационен состанок на Координативното тело за размена на информации, каде што беа поканети претставници на различни институции/организации кои работат и делуваат на полето на заштита од дискриминација.

ЗАКЛУЧОЦИ - од вториот организационен состанок на Координативното тело за размена на информации - 25 јуни, 12-14.00, простории на СОЖМ, Скопје

„ Ниедна институција не може да не одбрани од нас самите, доколку самите не сме свесни за неоходноста од меѓусебно почитување и признавање на човековите права „ - Од член на Координативното тело

Заменик претседавачот, Цветанка Иванова, ја отвори средбата на вториот организационен состанок, а вториот дел го водеше Душко Миновски. Присутни беа 35 членови на телото, кои го дефинираа следново:
• Република Македонија треба да ја се насочи кон формирање на едно тело за заштита од дискриминација кое ќе има мандат да анализира, мониторира, хармонизира закони и подзаконски акти, подготвува извештаи, спроведува истажувања, работи на подигнување на свеста и обезбедува консултации и препораки до заинтересираните страни и инстутуции на системот. Тоа Тело треба да ги заштитува правата на граѓаните, но и да обезбедува поддршка на владата и други заинтересирани институции.

Парламентарците во акција!

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија на 19 јули 2007 година на својата Петта седница одржа Тематска расправа за потребата од донесување на антидискриминационото законодавство во Република Македонија. На последниот состанок на Координативното тело одржан на ден 25 јуни 2007-та, претседателот на Комисијата, г-ѓа Мери Младеновска-Георѓиевска ги покани претставниците на Телото да ги презентираат насоките и заложбите за понатамошен развој и промоција на антидискриминационото законодавство во Република Македонија.

M6
M6
M6