Pic 1

Жените не ја препознаваат дисриминацијата


Националниот Совет на жени на РМ-СОЖМ, во соработка со Полио Плус, во рамките на Програмата „Македонија без дискриминација“, поддржана од Европската унија преку ПРОГРЕС програмата за вработување и социјална солидарност, на 14.09.09 година во просториите на Советот одржа дебата на тема „Родовата перспектива во Предлог-законот за заштита од дискриминација“.

Воведот во дебатата го даде Наташа Постоловска од Полио плус, извршна директорка на Сојузот „Македонија без дискриминација“, а за половата дискриминација и фактичката состојба во однос на дискриминацијата на жените во РМ говореше Савка Тодоровска, претседателка на НСЖМ-СОЖМ.

На дебатата присуствуваа вкупно 27 учеснички, претставнички на локални женски организации, претставници на други НВО и парламентарки, а во фокусот на нивната конструктивна дискусија беше високиот степен на дискриминација на жената во општеството и семејството, како и заклучокот дека и самите жени се уште и не доволно ја препознаваат постојаната дискриминација кон нив.

Во таков дух беа и заклучоците од оваа дебата. Заклучено е дека се уште постои потреба од унапредување на остварувањето на женските права како човекови права, поради што е потребно поинтензивно дејствување за обезбедување еднакви можности за жените на сите нивоа, како и усвојувањето ефективна законска рамка за заштита од дискриминацијата, особено на жените. За таа цел нужно е и продолжување на соработката и партнерствата помеѓу гражанските организации, во насока на донесување на закон кој ќе гарантира поправедно општество за сите граѓани во Република Македонија.

M6
M6
M6
M6
M6