Pic 1

Нашата цел е да придонесеме во градењето на македонското општество како праведно општество, без дискриминација, каде сите луѓе уживаат право на еднаков третман, како и корист од разликите.

Ние сакаме да видиме Македонија во која сите имаат можност да земат активна улога во активностите на заедницата. Ние сакаме да ги срушиме бариерите и да овозможиме еднакви можности за сите.

Ние сакаме да ја градиме Македонија како земја во која полот, возраста, хендикепот, сексуалната опрделеност, етничкото, расното и религиозното уверување, како и културните и социјалните разлики се почитувани и сите заедници живеет заедно со взаемна почит и толеранција.

Оваа веб-страна е креирана да ги обедини сите релевантни актери кои работат на полето на заштита од дискриминација и да собере коментари од сите оние кои би сакале да придонесат во остварувањето на целта: еднаквите можности да станат реалност.

Документот Стратешки насоки за заедничка акција ги претставува нашите првични согледувања на приоритетите за акција и идните предизвици.