|
Општество во кое сите учествуваат целосно како еднакви граѓани
Кон праведно општество
Коалицијата за еднакви можности во Македонија, повикува на заедничка кампања за подигање на свеста, во линија со активностите кои Европската Унија ги организира во светло на 2007-та Европска година на еднакви можности за сите. Кампањата се базира на 4 П.
Права = Законодавство кое функционира
Секој има право на еднаков третман, независно од полот, расата, возраста, хендикепот, етничката и религиската припадност или сексуална определеност.
Претставување = глас на секој граѓанин
Секој има право на учество во општествените активности и остварувањето на своите права.
Признавање = вредност на бенефитот од разликите
Секој има право на активен придонес при изградбата на македонското општество.
Почит = елиминирање на стереотипи и предрасуди
Секој има право на почитување на неговата различност и начинот себереализирање.
Воспоставувањето на баланс во општеството и социјалната правда е идеалот кој треба да го достигнеме.
Подигањето на свеста и законската регулатива се два паралелени процеси, кои неминовно мора да течат заедно.
Само преку партнерство, соработка, координација и креирање на заеднички принципи во работата со сите заинтересирани страни, групи и граѓани, може да го означиме почетокот на заедничката акција кон постигнување на целта.
ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ
кон поправедно општество
ЗАЕДНО СО ВАС = ЗА ЕДНАКВОСТ
|