Pic 1

ИМЕ, СТРУКТУРА И СТАТУТ

На 26.02.2009 во скопскиот хотел Континентал Коалицијата “Македонија без дискриминација”, одржа работилница на која учествуваа по еден или двајца претставници на сите членки на Коалицијата, а на работилницата се дискутираше за името, целите и принципите на Коалицијата, како и за условите за членство и за нејзината организациска структура.

На работилницата беа разгледани и сменети повеќето членови од предложениот текст на Статутот изработен од Работната група на Коалицијата. По неколку разгледани предлози, и покрај тоа што на предходниот состанок на Работната група на Коалицијата беше предложен називот “мрежа”, поради несогласноста на повеќето учесници на Работилницата, едногласно беше одлучено да биде прифатен предлогот на Звонко шаврески од Полио плус и називот “коалиција” да се замени со “сојуз”.

Иако беше планирано сите членки да се произнесат и за прашањето на финансиите, меѓусебните односи, за условите и причините за престанокот на дејствување на Коалицијата и за последователните активности, работилницата не ги исцрпе сите точки од предвидениот дневен ред, поради што е решено дискусијата за финализирање на Статутот на Коалицијата сите членки да се произнесат во писмена форма најдоцна до 05.03.2009година. по што текстот на Статутот ќе биде корегиран ив о пречистена форма ќе им биде доставен на сите членки на Коалицијата, односно Сојузот МБД.

Исто така, беше истакнато дека членки на Сојузот МБД момент се вкупно 16 невладини организации, односно здруженија но дека постои можност во Сојузот да се зачленат и нови организации. Да потсетиме, зачетокот на овој Сојуз, како и основите на нејзиниот Статут и самата идеја за формализација на оваа невладина коалиција, всушност се наоѓа во проектните активности на Полио плус и утврдените стратешки цели, публикувани во брошурата насловена како “Еден до друг, различни а еднакви”, со визија во иднина таа да прерасне во “тело за еднаков третман”. Последователно на тоа, и улогата, задачите и обврските на Секретаријатот на оваа коалиција ги презеде Полио плус.

РАМКА: Досегашни членки на Коалицијата МБД

  • Полио плус
  • “Месечина”, Гостивар
  • “Ади”, Гостивар
  • МЦМС
  • ЦЧПРК
  • НСЖМ-СОЖМ
  • ПДАС “Меѓаши”
  • ХОПС, Скопје
  • шелтер центар, Скопје
  • “Универзитет” Трето доба, Скопје
  • Хелсиншки комитет за човекови права, Канцеларија во Скопје
  • МАССО
  • “Куќа на човекови права”
M6
M6
M6
M6
M6