Во рамките на проектот Промовирање на концептот на антидискриминација во земјата, имплементиран од страна на Полио Плус, а поддржан од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, на ден 19.12.2006 година во хотел Континентал, беше одржана тркалезна маса на тема Кон еднакви можности за сите. На истата земаа учество, како претставници од владините институции, така и преставниците на ранливите групи и невладини организации, експертската и академска јавност, со поле на делување во заштита на правата на човекот и заштита од дискриминација.
Тргнувајќи од заклучоците на тркалезната маса, дека има потреба од креирање на простор за размена на информации и координација меѓу сите нас, Полио Плус, со поддршка на ОБСЕ, се обврза да обезбеди техничка поддршка во процесот на креирање на Тело за размена на информации и простор за понатамошна заедничка акција.
Ова Координативно тело треба да придонесе во демократските процеси во земјата и владеењето на правото, промовирајќи го концептот за заштита од дискриминација преку заедничка акција на сите релевантни чинители во македонското општество.
Исто така, преку серија тркалезни маси, Координативното тело ќе бидеефективен механизам за размена на информации и дијалог. Како дел од поддршката во процесот, е креиран web-site www.equal.org.mk кој служи за поддршка во процесот на собирање на коментари од пошироката јавност на подготвениот документ (базиран на заклучоците), Стратешки насоки за заедничка акција за развој на концептот за антидискриминација во земјата.
Заедно со Вас, овие насоки можеме да ги развиеме и да ги оставиме во форма на отворен документ за дискусија, како до крајот на 2007-та, Европска година на еднакви можности за сите-кон поправедно општество би подготвиле една Стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата во Македонија.
Ова тело треба да биде почеток на континуирана соработка и затоа, учеството на сите претставници од релевантните институции / организации, од самиот почеток, е од големо значење.
Координативното тело ќе работи на:
Развој на концептот за антидискриминација
Промоција на антидискриминаторска легислатива
Иницирање институционална рамка за поддршка на човековите права.
Активности на кои треба да се фокусира:
Собира и диссеминира информации
Развива методиистражува и поддржува истражувања
Формира мислења
Пружа експертска помош
Поддржува соработка во рамките на цивилното општество
Организира конференции, кампањи, тркалезни маси
Работи на подигање на свеста
|