Pic 1

Предлог - документ за работната методологија

Предлог до поканетите претставници за членови на Координативно тело за размена на информации за промовирање и развој на антидискриминационото законодавство во Република Македонија.

Забелешка:

Овој документ претставува предлог за креирање на Методологијата за работа.
Се очекува членовите на Координативното тело да ги додефинираат принципите и метологијата за својата работа.

1. Вовед

Тргнувајќи од заклучоците на тркалезната маса, постоењето на волја за заедничко креирање и развој на антидискриминационо законодавство во Република Македонија, како и потребата од транспарентност и вклчување на сите релевантни чинители во македонското општество, се иницира формирање на Координативно тело за размена на информации, составено од владини претставници, претставници од поширокиот граѓански сектор и независни експерти. Целта за формирање на ова тело е воспоставување дијалог помеѓу различни чинители во полето на заштита од дискриминацијата, со цел да се даде придонес кон напорите на државата во остварувањето на нејзината примарна улога за заштита, промоција и гаранција на основните човекови права и слободи. Поради тоа, Одделот за Владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ги поддржува активностите на Полио Плус, движење против хендикеп, во напорите да обезбеди техничка поддршка на телото, како СИТЕ, заеднички ќе придонесеме во развојот на антидискриминационото законодавство во земјата.

2. Цели и задачи на членовите на Координативното тело за размена на информации и дијалог

Целта на Координативното тело е до крајот на 2007-та, преку креирање на простор за дијалог и размена на информации, да ги постави насоките за креирање на стратешка рамка за заштита од дискриминација во Република Македонија. Имајќи предвид дека подготвувањето на стратешката рамка ќе биде заеднички процес на владини и невладини структури, како и експертска/академска јавност, истата ќе биде предложена до Владата како основ за креирање на Стратегија и Програма за понатамошна заедничка акција.

1. Организација и структура на Координативното тело

Координативното тело вклучува членови кои имаат знаење за домашниот правен систем и законодавно-правната рамка на постоечките механизми на контрола, соодветно познавање на меѓународните стандарди и услови, конкретно во полето на заштита на човековите права, како и заштита од дискриминација. Во Координативното тело ќе членуваат од 30 до 35 члена, вклучувајќи ги и набљудувачите, како што се преставниците од меѓународните организации. Членовите на КТ може да назначат свои заменици.

Се препорачува структурата на КТ да биде следнава:

3.1. Претставници од Владата на РМ

Владините преставници и претставниците од Собранието на РМ, треба да овозможат дијалог со останатите вклучени страни, како и запознавање со стратегијата и предвидениот план за работа на владините институции. Исто така, треба да препорачаат план за акција, соодветно на капацитетот на државата како заеднички би се креирала програма за јакнење на капацитетот на одредени институции за понатамошна акција во полето на заштита од дискриминација.

1. Секретаријат за европски прашања

2. Генерален секретаријат на Владата на РМ

3. Претставник од Сектор за анализи и политики

4. Интерминистерското тело за човекови права, Министерство за правда

5. Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика

3.2. Претставници од Собрание на РМ

1. Претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

2. Претседател на Комисија за еднаквост меѓу мажите и жените

3. Претседавач на Интер партиската лоби група за лицата со хендикеп

4. Претседавач на Клуб на жени во Парламентот

5. Претставник од Канцеларијата на Македонското женско лоби

3.3.Народен правобранител на РМ

Народниот правобранител има специфична улога. Од една страна тој е одговорен за јакнење на капацититот на инстиутуцијата за препознавање на дискриминација во случај на повреда на правата на граѓаните од државни органи, а од друга страна, пак, истиот треба да придонесе во креирање на насоките за заедничка акција за заштита од диксриминација во останатите случаи (кога правата на граѓаните се повредени од трети лица, а не државни органи).

1. Заменик Народниот правобранител на РМ

3.4. Претставници од НВО

Улогата на претставниците од граѓанскиот сектор е двострана. Од една страна, организациите чии стратешки цели се промена на законската регулатива и промоција и заштита на чевековите права треба да ги стават на располагање својата експертиза, искуство и знаење со што стратешките насоки реално би ги отсликале потребите за развој на антидискриминационото закондавство во земјата. Од друга страна, претставниците на ранливите групи треба да придонесат кон креирање на Програма за акција, тргнувајќи од прибирање на податоци за степенот на дискриминација, па се до застапување и заштита на интресите на групата која ја претставуваат, како и мониторинг за почитување и имплементација на законските одредби и на мерките предвидени за намалување на степенот на дискриминација и прифаќање на различноста како дел од човековата личност.

1. Куќа на човекови права на Македонија

2. Полио Плус, движење против хендикеп

3. Прва детска амбасада во светот „Меѓаши”

4. Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија

5. Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар

6. Македонски центар за меѓународна соработка

7. Национален совет на жени на РМ – СОЖМ

8. Македонска асоцијација за слободна сексуална ориентација

9. НВО Месечина

10. Универзитет “Трето доба”

11. Специјална олимпијада на Македонија

12. ХОПС

3.5.Претставници од експертска/академска јавност

Правните експерти треба активно да придонесат кон мапирање на постоечките стратегии за ранливите групи, како и во анализата на состојбата во македонското законодавство во споредба со меѓународните стандарди, при подготвката на стратешките насоки. Исто така, треба да придонесат кон финалната подготовка на документот во кој се содржани стратешките насоки пред неговото промовирање пред Владата на Република Македонија. Се препорачува нивниот број да не биде поголем од 5.

3.6. Претставници од медиуми

Претставниците од медиумите треба да се грижат за правилно пренесување на пораката до јавноста, како и диструбуција на информации за работата и активностите на телото до отанатите медиуми.

1. Преставник од Македонски институт на медиуми

2. Претставник – новинар од електронски медиум

3.7. Претставници со набљудувачка / советодавна улога

1. Претставник од Одделот за владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје

2. Претставник од Канцеларијата на Обединетите нации

3. Претставник од Специјалната делегација на Европската Унија во Скопје

Секој член на Координативното тело е овластен да назначи заменик кој ќе има целосен пристап во активностите, како и навремено снабдување со материјалите кои ќе произлезат од состаноците и вклучувањето во редовната комуникација. Замениците се назначени да присуствуваат на состаноци во случај на спреченост на членовите. За дополнителна експертиза, постојано или на аd hоc основа, може да се вклучат домашни или меѓународни набљудувачи. Членството и структурата на работната група може да се промени (прошири и / или намали), со консензус постигнат од членовите на Координативното тело. Полио Плус е одговорен за поддршка, односно за обезбедување на материјали, свикување на состаноци и размена на информации во рамките на телото, но и за комуникација и кореспонденција со сите заинтересирани страни во врска со телото.

4. Очекувани резултати

До крајот на 2007-та, се очекува етаблирано тело за рамена на инфорmации и дијалог помеѓу различни креатори во политиката на полето на заштита на правата на човекот и заштита од дискриминација. Исто така, се очекува креирање на стратешка рамка за заштита од дискриминација во чија подготовка би учествувале сите релевантни авторитети. Имајќи го предвид фактот дека е креирана веб-страна (www.equal.org.mk), на која ќе бидат собирани мислења од граѓаните и пошироката јавност, се очекува да се добијат согледувања, не само презентирани од страна на оние кои долгогодишно работат на ова поле, туку ќе се земе во предвид и перцепцијата на секој граѓанин. За таа цел, ќе биде креиран форум на гореспоменатата wеb-страна.

5. Работна методологија

Состаноците ќе се одржуваат еднаш месечно. По потреба членовите на Координативното тело може да се согласат да се состануваат почесто. Со цел да се развие соодветна стратешка рамка за заедничка акција базирана на согледувања и искуства од членовите на Координативното тело, сите ќе бидат вклучени во изготвувањето на анализи за состојбата на различни групи на маргинализирани граѓани во РМ.

M6
M6
M6