Pic 1

Реакција на Сојузот „Македонија без дискриминација“


Повод:
Реакција на Сојузот „Македонија без дискриминација“, врзано за насилното попречување на оддржувањето на мириот собир од 28.03.2009 година (сабота) на Градскиот плоштад во Скопје

Како Сојуз на граѓански организиции „Македонија без дискриминација“ најостро го осудуваме насилството како такво, насилното спречуваење на слободата на говорот, мислата, уверувањето и собирањето, и најостро ја осудуваме секоја манифестација и секое повикување на дискриминација врз кој било основ и употреба на говор на омраза.

Ја поддржуваме изразената јавна осуда и ги повикуваме надлежните органи да преземат конкретни акции за заштита на човековите права.

Бараме примена на законот кон тие кои ги ограничија и прекршија правата на граѓаните, против сите кои со сила и сериозна закана го спречија оддржувањето на ваквиот јавен собир и против сите поттикнувачи и поддржувачи на насилството.

Посебно бараме од власта да ја активира внатрешната контрола на МВР и да го преиспита и санкционира секое несоодветно постапување на полицијата.

Сметаме дека манифестираното насилство е знак на длабок општествен конфликт, настанат во отсуство на комуникација и дијалог и е резултат на долготрајното толерирање на дискриминацијата и говорот на омраза, како од власта, така и од цивилното општество.

Ја повикуваме власта, во најкус можен рок да преземе активности со кои ќе се спречи насилство од ваков вид и што е можно побрзо донесување Закон за забрана на дискриминацијата, како и за воспоставување ефективен механизам за заштита на правата на граѓаните, а посебно, за заштита од дискриминација.

Со почит,
Контакт: info@equal.org.mk

Секретаријат на Коалицијата
Македoнија без дискриминација

Скопје, 30.03.2009 година

M6
M6
M6
M6
M6