Pic 1

Консултации со пошироката јавност

Ова е просторот во кој ќе се слушне мислењето на сите заинтересирани страни.

Прв чекор во оваа насока е собирање коментари врз основа на документот Стратешки насоки за заедничка акција од сите релевантни актери вклучени во процесот како и од други релевантни авторитети и заинтересирани граѓани. Да креираме ЗАЕДНО Стратешка рамка за развој на антидискриминационото законодавство и Програма за акција за борба против дискриминација.

Ова е прв чекор, а целокупната понатамошна акција зависи од сите нас!

 

Што можеме да направиме заедно:

Да испратиме позитивна порака до сите, но и секој заинтересиран да ја испрати својата порака.

Да креираме простор за дијалог и соработка со претставници од Парламентот, владини претставници, невладини претставници (вклучувајќи претставници на маргинализираните групи), бизнис секторот и медиумите.

Да ја согледаме реалноста во која живеат граѓаните, исклучени по различни основи.

Да ги зајакнеме и искористиме капацитетитите на нашите организации/институции да придонесеме кон хармонизација на македонското законодавство со меѓународното антидискриминационо законодавство и да придонесеме кон негова успешна имлементација.

Да го дадаме својот предлог: ШТО ПОНАТАМУ?

M6
M6
M6