|
На 15 септември годинава, во скопски "Континентал" беше организирана и успешно спроведена јавна дебата за улогата на граѓанските организации и синдикатите во борбата против дискриминацијата. На дебатата беше претставена новата иницијатива на ЕУ за обезбедување простор и соработка помеѓу граѓанските организации во РМ и синдикатите, а на која учествуваа 12 претставници од синдикатите и девет (9) од Сојузот "Македонија без дискриминација".
На дебатата беше изразен голем интерес и желба за соработка и беа мапирани основните предуслови и првични чекори во заложбите за конечно справување со оваа негативна социјална појава во сите сфери од општественото живеење и пројавувана кон граѓаните по различни основи.
|