Pic 1

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРКАЛЕЗНАТА МАСА

Полио Плус, движење против хендикеп, организира тркалезна маса на која покани поголем број на претставници од владинот и невладиниот сектор, како и експерти кои работат на полето на човекови права во Република Македонија, со цел заеднички да го продолжиме развојот на концептот за креирање на антидискриминационо законодавство во земјава. Процесот веќе е отпочнат, но сé уште не е завршен. Затоа, прв чекор беше достапност на информациите содржани во публикацијата “Развој на антидискриминационото законодавство во Европа”, Споредба на 25-те држави членки на Европската унија”, поддржана од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

ЗАКЛУЧОЦИ од првиот организационен состанок на Координативно тело за размена на информации – ЗАЕДНО ЗА ЕДНАКВОСТ” “Промовирање на концептот на антидискриминација во земјата” 05 Juni 2006, 10-13.00 часот, хотел “Континентал”, Скопј

„На нас е да направиме нешто по наша мерка„ - Од член на Координативното тело

Присутните 32 претставници (види повеќе Информација од првиот организационен состанок) се согласија со заеднички напори, меѓусебна координација и информирање да придонесат кон развој и промоција на концептот на антидискриминација во Република Македонија. Се избраа претседавач и тројца заменици. По дефинирањето на нивната улога и одговорности, со концензус беа именувани следните членови... повеќе...

ЗАКЛУЧОЦИ од вториот организационен состанок на Координативното тело за размена на информации - 25 јуни, 12-14.00, простории на СОЖМ, Скопје

„Ниедна институција не може да не одбрани од нас самите, доколку самите не сме свесни за неоходноста од меѓусебно почитување и признавање на човековите права„ - Од член на Координативното тело

Заменик претседавачот, Цветанка Иванова, ја отвори средбата на вториот организационен состанок, а вториот дел го водеше Душко Миновски.

Присутни беа 35 членови на телото, кои го дефинираа следново:

- Република Македонија треба да ја се насочи кон формирање на едно тело за заштита од дискриминација кое ќе има мандат да анализира, мониторира, хармонизира закони и подзаконски акти, подготвува извештаи, спроведува истажувања, работи на подигнување на свеста и обезбедува консултации и препораки до заинтересираните страни и инстутуции на системот. Тоа Тело треба да ги заштитува правата на граѓаните, но и да обезбедува поддршка на владата и други заинтересирани институции... повеќе...

Парламентарците во акција!

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија на 19 јули 2007 година на својата Петта седница одржа Тематска расправа за потребата од донесување на антидискриминационото законодавство во Република Македонија. На последниот состанок на Координативното тело одржан на ден 25 јуни 2007-та, претседателот на Комисијата, г-ѓа Мери Младеновска-Георѓиевска ги покани претставниците на Телото да ги презентираат насоките и заложбите за понатамошен развој и промоција на антидискриминационото законодавство во Република Македонија... повеќе...

M6
M6
M6